За „Чебрен“ заинтересирани 16 компании

Bez autora
Mar 17 2011

Првично заинтересирани за изградба на хидроелектраните на Црна Река се 16 компании. Всушност, станува збор за шестиот обид за завршување на најдолгиот јавен повик во земјава за изградба на ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“. Само што тој сега носи назив „Концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река“, бидејќи останува отворена можноста втората електрана „Галиште“ да не се изгради. Комисијата за спроведување на постапката треба да утврди дали заинтересираните компании ги исполнуваат условите да поминат во втората фаза, во која ќе достават понуди.

За „Чебрен“ заинтересирани 16 компании Првично заинтересирани за изградба на хидроелектраните на Црна Река се 16 компании. Всушност, станува збор за шестиот обид за завршување на најдолгиот јавен повик во земјава за изградба на ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“.

Само што тој сега носи назив „Концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река“, бидејќи останува отворена можноста втората електрана „Галиште“ да не се изгради.

Комисијата за спроведување на постапката треба да утврди дали заинтересираните компании ги исполнуваат условите да поминат во втората фаза, во која ќе достават понуди.

Тие треба да имаат искуство во менаџирање изградба на хидроелектрични централи со капацитет од 150 мегавати или повеќе, од кои најмалку една со капацитет со 45 мегавати, која треба да работи повеќе од три години, искуство при обезбедување кредити од 100 до 300 милиони евра за успешни големи инфраструктурни проекти во последните 15 години, како и годишен приход од најмалку 100 милиони евра за последните две години.

Во оваа фаза, според Законот за концесиите и другите видови јавно-приватно партнерство, се предвидува да се организира посета на локациите, да се одржи состанок со квалификуваните кандидати и можност квалификуваните кандидати да поставуваат прашања и да даваат коментари за документите поднесени на јавниот повик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik